Леброн си купи автомобил од 1.500.000 долари



Лос Анџелес Лејекрс пред една недела ја освоија титулата во НБА лигта. До 17 трофеј во клупската историја Лејкерси ги предводеше Леброн Џејмс. Леброн беше МВП на финалната серија против Мајами Хит која „езерџиите“ ја добија со 4:2.


 

Леброн по враќањето во Лос Анџелес решил да се почести за освоената четврта титула во кариерата, во минатото тој два пати бил шампион со Мајами Хит, а еднаш со Кливленд Кавалирс.

„Кралот Џејмс“ својата автомобилска ергела ја дополнил со „Мерцедес-Мајбах Г650“. Автомобилот има посебна опрема, а во светот има само 99 вакви автомобили. Ова задоволство Леброн го чини 1.500.000 долари.

Леброн Џејмс во својата ергела сега има 13 автомобили.