ЛЕ: Севиља ги скроти „волците“ со доцен гол, Шахтјор лесно против Базел



ЛЕ: Севиља ги скроти „волците“ со доцен гол, Шахтјор лесно против Базел - МИА

Дуисбург, 11 август 2020 () – Рекордерот по бројот на титули во Лигата на Европа, Севиља, се пласираше во полуфиналето на годинашното издание на турнирот.

Пулените на Хулен Лопетеги остварија тешка победа од 1-0 над Вулверхемптон во судирот меѓу двете екипи од четвртфиналето во Дуисбург.

Андалузијците покажаа подобра игра, но мораа да почекаат до 88-та минута за да дојдат до успех. Ова се случи по гол на Лукас Окампос.

„Волците“, исто така, имаат за што да жалат, бидејќи тие добро го започнаа натпреварот и во 11-та минута добија пенал, но Раул Хименез го промаши. После тоа, сепак, Шпанците беа подобриот тим на теренот и заслужено успеаја да се пласираат во следната фаза и да договорат средба со Манчестер Јунајтед.

Украинскиот гигант Шахтјор Доњецк пак го совлада швајцарски Базел со 4: 1 и напредуваше во полуфиналето на Лигата на Европа. Противникот на Шахтјор во спорот за последното место ќе биде еден од фаворитите за освојување на трофејот – италијански Интер, кој го елиминираше Баер Леверкузен во понеделникот вечерта.

На стадионот во Гелзенкирхен, украинскиот тим не остави сомнеж во својата супериорност од првата минута. Резултатот во корист на Шахтјор го отвори Жуниор Мораес само по 100 секунди игра. Во 22-та минута Тајсон удвои.

Патрик во 75-тата го направи резултатот 3: 0 од пенал, додека во 88-та минута Додо зголеми на 4:0.
Во дополнителното време, Базел стигна до почесен гол преку Ван Волфсфинкел.


Вести

Бројот на новозаболени од КОВИД-19 не се намалува, надлежните апелираат на почитување на мерките

– Во текот на минатата недела бројката на нови случаи на КОВИД-19 се движеше околу десет проценти од тестираните и во најголем дел на дневно ниво таа беше трицифрена, со исклучок на вторникот кога од […]

Во Прилеп ситуацијата со КОВИД-19 сериозна, неопходна е монтажната болница - МИА
Вести

Нови 143 случаи на коронавирус, 110 оздравени и девет починати лица

 – Во изминатите 24 часа од направени 1504 тестрирања, регистрирани се нови 143 случаи на коронавирус. Во истиот период регистрирани се и 110 оздравени пациенти, но и девет починати лица. Министерството за здравство информира дека […]

Вести

Одбраната на „Монструм” ќе поднесе крвична пријава против вештакот Снежана Николовска

– Одбраната на обвинетите во случајот „Монструм” ќе поднесе кривична пријава против вештакот Снежана Николовска, заради, според нив, фалсификување на вештачењето на земјата од Смилковско Езеро и Враживир. Ова го најави адвокатот Насер Рауфи, по […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*