ЛЕ: Милан и Звезда убедливи, Тотенхем „падна“ во Белгија




Милан ја продолжи победничката серија во Лига Европа триумфирајќи над Спарта Прага со лесни 3:0, Црвена звезда го „растури“Либерец со 5:1, додека Тотенхем на Жозе Мурињо доживеа неочекуван пораз кај Антверпен (1:0) во второто коло во Лига Европа.

Брахим Дијаз ги донесе „росонерите“ во водство во 24. минута по асистенција на Златан Ибрахимовиќ, а Швеѓанецот имаше шанса да зголеми на 2:0 12 минути подоцна од белата точка, но ја погоди само стативата. Сепак, во второто полувреме Милан стави точка на неизвесноста со головите на Рафаел Леао (57. минута) и првенецот на Диого Далот (67. минута). Милан има две победи во два меча во ЛЕ.

Белградска Црвена звезда по поразот на гости кај Хофенхајм, дома го „искали бесот“ на Слован Либерец победувајќи со 5:1. Бен постигна два гола, а стрелци беа и Гајиќ, Фалчинели и Катаи.

Во Белгија, Тотенхем доживеа незгоден пораз од Антверпен, откако во 29. минута Израелецот Лиор Рефаелов ја искористи лошата реакција на одбраната.

ЛИГА ЕВРОПА, 2.КОЛО

ГРУПА Г

АЕК – Лестер 1:2

Зорја Луханск – Брага 0:2

ГРУПА Х

Милан – Спарта Прага 3:0

Лил – Селтик 2:2

ГРУПА И

Карабаг – Вилјареал 1:3

Сиваспор – Макаби Тел Авив 1:2

ГРУПА Ј

Антверпен – Тотенхем 1:0

ЛАСК Линц – Лудогорец 4:3

ГРУПА К

ЦСКА Москва – Динамо Загреб 0:0

Феенорд – Волфсбергер 1:4

ГРУПА Л

Црвена звезда – Слован Либерец 5:1

Гент – Хофенхајм 1:4

МИЛАН – СПАРТА ПРАГА

АНТВЕРПЕН – ТОТЕНХЕМ

АЕК – ЛЕСТЕР

ЛИЛ – СЕЛТИК


Вести

За еден ден во ковид центрите во Скопје хоспитализирани 52 пациенти, вкупно се лекуваат 437 лица со Ковид-19

– Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 52 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 437 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот […]

Вести

Македонскиот јазик и идентитет се неспорни, можен патоказ кон Договорот со Бугарија, но не како дел од преговарачката рамка

– Македонскиот јазик и идентитет не се предмет на преговори, потенцираа вчера високи претставници на Владата и напоменаа дека темната страна на историјата треба да остане зад нас, а решенијата со Бугарија да се бараат […]

Вести

Бројките на новозаразени се стабилизираат, мерките се ефикасни ако се почитуваат

– Мерките за заштита од вирусот даваат резултати и доколку се почитуваат, дополнителни не се потребни, рече министерот за здравство Венко Филипче. Тој вчера соопшти дека врвот на епидемијата е достигнат пред една недела и […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*