ЛЕ: Ако го помине Тотенхем, Шкендија ќе игра со подобриот од Ростов – Макаби Хаифа


Ефикасно реми на дербито во Чаир - МИА

Нион, 18 септември 2020 () – Денешната жрепка на УЕФА одлучи победникот од дуелот Шкендија – Тотенхем да биде домаќин на победникот од дуелот помеѓу Ростов и Макаби Хаифа.


 

Победникот од тој дуел, кој е закажан за 1 октомври, ќе избори пласман во фазата по групи од новата сезона на Лига Европа.

Шкендија сепак има речиси невозможна задача за пласман во плеј-офот, откако претходно треба да го елиминира Тотенхем на Жозе Мурињо. За пресметка со лондонскиот тим, тетотвскиот тим се избори откако синоќа го победија на гостински терен романски Ботошани соминимални 1:0.