Лазаров и Манасков забележаа победи со своите екипи во ракометната Лига на шампиони


Лазаров и Манасков забележаа победи со своите екипи во ракометната Лига на шампиони - МИА

Кил, 24 септември 2020 () – Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров имаше успешна вечер со својот Нант на гостувањето кај Кил во Германија.

Нант во меч од 2. коло од Лигата на шампионите, го совлада Кил со 35:27. Лазаров натпреварот го заврши со два гола.

Два бода вечерва со својот Веспрем освои и Дејан Манасков. Тој беше стрелец на три гола во триумфот на Унгарците над ППД Загреб со 37:25.

Веспрем има максимални четири бода, додека Нант има два бода од две средби.


Вести

Почина Амди Бајрам, лидерот на Сојузот на Роми

Лидерот на Сојузот на Роми, Амди Бајрам утрово почина на 64-годишна возраст. Информацијата за МИА ја потврдија од Сојузот на Роми. Дел од медиумите јавија дека тој починал во приватна клиника. Бајрам имаше проблеми со […]

141 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Скопје
Вести

Активни 6.861 случаи на заразени со коронавирус во земјата

Во моментов бројот на активни случаи со коронавирус во земјата изнесува 6.861 лице, откако вчера потврдени 518 новозаразени, 200 оздравени и 9 починати лица. Најмногу активни случаи на заразени има во Скопје (3.320), Струмица (394) […]

Вести

Интензивирање на комуникацијата за надминување на недоразбирањата со Софија

– Интезивирана комуникација со Софија деновиве за изнаоѓање решение за спорот со Бугарија, по испраќањето на бугарскиот појаснувачки меморандум до земјите-членки на Европската Унија, во кој се оспоруваат македонскиот јазик и македонската нација. Премиерот Зоран […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*