„Лас Вегас? 99 отсто спектакл и 1 долар спорт“

„Лас-Вегас-99-отсто-спектакл-и-1-долар-спорт.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ново-стариот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен не подлегна на еуфоријата од Лас Вегас.


За прв пат во историјата Ф1 ќе се вози во „градот на гревот“, а самото свечено отворање за Ферстепн бил аудио-визуелен спектакл кој има малку допирни точки со спортот.

Само две минути од целата програма беа посветени на возачите, а остатокот беше главно музички концерт и огномет.

„Искрено, тоа е нешто што ми предизвикува многу емоции. Само сакам да се фокусирам на мојот настап. Не ги сакам сите работи што ме опкружуваат. Знам дека се дел од тоа, но не сум заинтересиран. Не е многу интересно. Само сакам да бидам најдобар што можам. Дали ќе ми се допаѓа или не, тоа не зависи од мене, но нема да се преправам“, изјави Ферстапен.

„Го давам моето мислење за позитивните и негативните страни, таков сум. Има луѓе кои повеќе ја сакаат викенд програмата, но јас не. Ми се допаѓа да бидам во Лас Вегас, но не за трките. Тоа е 99 отсто спектакл и спорт од 1 долар. За мене има работи што може да се прескокнат. Само стоевме таму, изгледвеме како кловнови“, истакна Холанѓанецот.

Ферстапен веќе ја одбрани шампионската титула со 17 победи во досегашниот дел од сезоната.

Трката во Вегас беше жестоко критикувана поради скапите билети, бидејќи траката ќе започне во 22 часот по локално време (1 часот по полноќ на источниот брег, односно 7 часот наутро во недела по средноевропско време), затворањето на дел од градските улици и фактот дека кога ќе се вози трката температурата на воздухот ќе биде само 4 Целзиусови степени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK