Лампард: На Вернер му треба време за адаптација



Лампард не чувствува притисок поради големите трансфери - МИА

Лондон, 22 декември 2020 () – Тренерот на Челзи, Френк Лампард, ја коментираше серијата на напаѓачот Тимо Вернер без постигнат гол на девет натпревари.


 

Челзи синоќа го совлада Вест Хем со 3:0, а Вернер повторно не успеа да постигне гол.

– Воопшто не сум загрижен за тоа. Секој напаѓач сака да постигне гол затоа што тоа е неговата работа. Вернер постигна неколку погодоци во последните неколку години. Тој е одлично засилување за нас.

Му треба време да се приспособи на новиот шампионат. Како и да е, тој редовно се наоѓа во улогата на асистент и создава проблеми за одбраната на противникот. Сега тој нема среќа, но ова е привремено. Наскоро сè ќе се промени, и дефинитивно ќе ги видиме неговите погодоци, изјави Лампард за официјалната веб-страница на Челзи.

По 14 кола Челзи е на 5.место во Премиер лигата со 25 бода, шест помалку од лидерот Ливерпул.