Куман: Задоволен сум од составот на Барса, се обидовме да го подобриме



Куман: Резултатите покажуваат дека сме на добар пат - МИА

Барселона, 9 октомври 2020 () – Тренерот на Барселона, Роналд Куман го оцени составот на тимот.


 

Ние сме добри. Среќен сум со списокот што го имаме. Се обидовме да го подобриме – во некои случаи успеавме, во други не, но тоа е исто така дел од финансиската состојба на клубот. Треба да го прифатиме и да работиме, рече Куман.

Барселона по три кола во шпанската Ла Лига има две победи и еден нерешен резултат.