Куман за зборовите на Сетиен за Меси: Не се согласувам, Лео е лидер, секој ден ги гледам неговите амбиции


Куман може да биде дисквалификуван 12 натпревари поради критикување на судиите на Ел Класико - МИА

Барселона, 3 ноември 2020 () – Тренерот на Барселона, Роналд Куман ги коментираше неодамнешните зборови на поранешниот тренер на каталонскиот клуб, Кике Сетиен за капитенот Лионел Меси.


 

Сетиен има кажано дека Меси е „тежок за работа“, а исто така рече дека Аргентинецот „го терал да види што сака“.

– Треба да ги почитуваме мислењата на другите луѓе. Мислам дека Лео е најдобар во светот. Неговата амбиција и карактер ги гледам како кај победник секој ден. Ова не е играч на кој му е тешко да покаже лидерски квалитети, ова е вистински капитен. Секоја недела разговарам со него што се случува на теренот и во соблекувалната за да се одржат добрите односи. Не се согласувам со него (Сетиен), но го почитувам неговото искуство, додаде Куман.