Куман отпишал четворица од тимот на Барселона




Роналд Куман и Барселона, во зимскиот преоден рок, ќе се обидат да ослободат од обврските четворица фудбалери. Планот на клубот е да се засили со Ерик Гарсија од Манчестер сити и Мемфис Депај од Лион.

Каталонскиот „Спорт“, тврди дека Куман, во вториот дел од сезоната нема да смета на услугите на Самуел Умтити, Жуниор Фирпо, Карлес Алења и Рики Пуѓ.

Двајца од нив се на продажба, а дваја ќе бидат испратени на позајмици.

Умтити би можел да заврши во Премиер лигата, а неговата цена изнесува околу 20 милиони евра. За нешто помалку пари Фирпо би можел да се пресели во Италија. Умтити сезонава одиграл само 55 минути, додека Фирпо играл 256 минути.

Алења и Пуѓ би заминале во други тимови, каде би играле како позајмени.