Кристијано Роналдо заразен со Ковид-19



Кристијано Роналдо е позитивен на коронавирус и ќе го пропушти натпреварот на Португалија во рамки на Лигата на нации против Шведска во среда.



Според Португалската фудбалска федерација (ПФФ), напаѓачот на Јувентус „се чувствува добро, нема симптоми, но е во изолација“.

Останатите во португалската репрезентација добиле негативни резултати, откако денеска беа тестирани и се на располагање за натпреварот од групата А3 во Лисабон.

Во понеделникот, Роналдо објави слика со својот тим околу долга маса за време на оброк, со натпис: „Обетинети, на и надвор од теренот“.

Unidos dentro e fora do campo! 🇵🇹👏🏽👊🏽 #todosportugal pic.twitter.com/4bQSUIPm2m

— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) October 12, 2020

ПФФ во изјавата додава: „После позитивниот случај, преостанатите играчи беа подложени на нови тестови во вторникот наутро, сите добија негативен резултат и му се на располагање на Фернандо Сантос за попладневниот тренинг“.