Кралот на земја се врати со експресна победа против полуфиналист од УС Опен


Кралот на земја се врати со експресна победа против полуфиналист од УС Опен - МИА

Њујорк, 16 септември 2020 () – Светскиот рекет број 2 Рафаел Надал силно се врати на теренот. Шпанецот оствари победа со 6:1, 6:1 за само 73 минути против својот сонародник Пабло Карењо Буста во натпревар од второто коло на турнирот од серијата Мастерс 1000 во Рим.

Ова беше прв официјален натпревар за Кралот на земја од 1 март годинава, кога победи на турнирот во Акапулко. Исто така, Надал не играше на својата омилена површина од минатогодишното финале на Ролан Гарос.

Надал во третото коло ќе се сретне со некој помеѓу Милош Раониќ и Душан Лајовиќ.


Вести

Почина Амди Бајрам, лидерот на Сојузот на Роми

Лидерот на Сојузот на Роми, Амди Бајрам утрово почина на 64-годишна возраст. Информацијата за МИА ја потврдија од Сојузот на Роми. Дел од медиумите јавија дека тој починал во приватна клиника. Бајрам имаше проблеми со […]

141 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Скопје
Вести

Активни 6.861 случаи на заразени со коронавирус во земјата

Во моментов бројот на активни случаи со коронавирус во земјата изнесува 6.861 лице, откако вчера потврдени 518 новозаразени, 200 оздравени и 9 починати лица. Најмногу активни случаи на заразени има во Скопје (3.320), Струмица (394) […]

Вести

Интензивирање на комуникацијата за надминување на недоразбирањата со Софија

– Интезивирана комуникација со Софија деновиве за изнаоѓање решение за спорот со Бугарија, по испраќањето на бугарскиот појаснувачки меморандум до земјите-членки на Европската Унија, во кој се оспоруваат македонскиот јазик и македонската нација. Премиерот Зоран […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*