Крај на сезоната за Куња, ја повредил тетивата

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бразилскиот фудбалер и напаѓач на Вулверхемптон, Матеус Куња, би можел да го пропушти остатокот од сезоната поради „тешка повреда на тетивата“, објави клубот.


 

Вулверхемптон не прецизираше кога Бразилецот би се вратил на теренот, но тренерот на тимот Гери О’Нил изјави дека сериозноста на повредата потенцијално може да го оддалечи од терените до крајот на сезоната.

Тој се повреди на првенствениот натпревар против Брентфорд, во кој Вулверхемптон загуби со 2:0 на гостински терен.

„Очигледно е дека тоа е голем удар за нас и за Матеус. Неговата форма во последно време е исклучителна“, изјави тренерот О’Нил.

Повремениот бразилски репрезентативец, Матеус Куња, неодамна со хет-трик го предводеше Вулверхемтон до победата над Челси.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK