Зимска 3×3 лига: Продолжи доминацијата на екипата на „Dust Caffe“



Екипата на „Dust Caffe“ ја продолжи доминацијата во премиерната зимска 3×3 баскет лига, триумфирајќи и на третиот по ред квалификациски турнир што денеска се одржа во Скопје.


 

Екипата во состав Ервин Цого, Марко Дујковиќ, Христијан Ристов и Славе Илиевски во финалето триумфираа над „Badu 3×3“ со 21-15.

На патот до финалето „Dust Caffe“ стигна со триумфи над екипите на „3×3 Битола“, финалистите од претходните два турнири „Терминатори“, “Brotherhood Alpha“ и во последниот натпревар од нокаут фазата над „Bad Boys“.

Последниот, четврти, квалификациски турнир ќе се игра на 28. март.