Во заостанат прволигашки натпревар кошаркарките на „Крива Паланка“ подобри од „Патриот 2016“


Заостанатиот кошаркарски натпревар помеѓу женските прволигашки екипи на „Патриот 2016“ и „Крива Паланка“ им припадна на гостинките. Тие славеа убедлива победа на паркетот во спортската сала „Методи Митевски – Брицо“ во Делчево совладувајќи ја домашната екипа со убедливи 54:106.

Домаќинките беа рамноправни само во првото полувреме, во кое пред неговиот крај имаа водство, но сепак гостинките со пресврт замина на пауза со резултат 33:38.

– Доколку останеше водството кое го имавме на минута и половина пред крај на полувремето, можеби ќе беа други плановите и резултатот на семафорот. Но, гостинките од Крива Паланка го направија пресвртот до крај на полувремето, а потоа се одлепија и убедливо победија. Честитки до победникот, им честитам и моите кошаркарки, кои сепак се млади и за нив овие натпревари се мошне значајно во насока на собирање искуство за понатамошните настапи, изјави по натпреварот тренерот на „Патриот 2016“, Љупчо Петровски.

Пред настапот на прволигашките екипи, младинките на Крива Паланка исто така беа поуспешни од своите врснички од Делчево, кои во М-16 конкуренцијата славеа со двоцифрена разлика.

Прволигашкиот натпревар помеѓу „Патриот 2016“ и „Крива Паланка“, како и оној во младинска конкуренција, согласно препораките на Владата за новонастаната ситуација со коронавирусот се играа без присуство на публика.


Бојан Јовановски поднесува повеќе кривични пријави во ОЈО Скопје - МИА
Вести

Бојан Јовановски во ОЈО Скопје ќе продолжи со поднесувње кривични пријви

Скопје, 3 јули 2020 () – Бојан Јовановски, кој е осуден во предметот „Рекет“, денеска  повторно ќе биде спроведен во Основното јавно обвинителство Скопје за да заврши со поднесувањето кривични пријави на записник. Јовановски на […]

Новиот позитивен на КОВИД-19 во Кавадарци, син на претходно заболен - МИА
Вести

И натаму висок бројот на новозаразени, надлежните апелираат на почитување на мерките

Скопје, 3 јули 2020 () – Нови 173 потврдени со КОВИД-19 од 1.650 тестирања, од кои најголем дел 75 се од Скопје, беа регистрирани вчера во земјава. Починаа и досега најголем број пациенти – 15. […]

На десеттина дена пред изборите, политичките партии со различни ветувања пред граѓаните - МИА
Вести

На десеттина дена пред изборите, политичките партии со различни ветувања пред граѓаните

Скопје, 3 јули 2020 () – Ветувања за правна држава, нулта корупција, за повисоки плати, вложувања во здравството, инфраструктурата, економијата и земјоделството, во младите и поддршка за занаетчиството испорачаа политичките субјекти во земјава на десеттина […]