Стартна победа на ТФТ Скопје во БИБЛ лигата


Кошаркарите на ТФТ Скопје со победа ја отворија новата сезона во БИБЛ лигата, триумфирајќи во воведното коло од регионалното натпреварување над екипата на Сигал Приштина со 81:77 (38:38).


 

На дуелот одигран вечерва во СРЦ „Кале“, кошаркарите на ТФТ ја добија првата четвртина со 23:16, но косовскиот тим возврати со иста мера во втората (22:15) и двете екипи на полувреме заминаа без предност.

Победникот беше одлучен во завршни пет минути кога ТФТ прво со серија од 9-0 се одвои резултатски на 73-64, а во неизвесен финиш потоа ја зачува предноста за стартната победа во групата Б.

Во второто коло на 27. октомври ТФТ ќе му биде домаќин на Академик од Пловдив.