Легендарниот центар и член на Куќа на славните од НБА, Шекил О’Нил ги прогласи своите десет најдобри играчи во историјата на лигата. Екс играчот на Лејкерси ги подели на првата и втората петорка.
– Мојот прв тим, без посебен редослед, ќе бидат Меџик Џонсон, Коби Брајант, Мајкл Џордан, Леброн Џејмс и, јас изјави О’Нил за „Лос Анџелес Тајмс“.
Во втората петорка тој ги вклучи Стеф Кари, Ален Ајверсон, Тим Данкан, Карл Мелоун и Ајзеа Томас.
– И морам да се погрижам да го вклучам Карим [Абдул-Џабар] во вториот тим“, додаде О’Нил.
Екс-кошаркарот ги наведе и имињата на оние кои заслужија да се најдат во првата петорка. Меѓу нив се: Карл Мелоун, Чарлс Баркли и Карим Абдур-Џабар.