Секој навивач на натпреварот Торонто – Њу Орлеанс доби копија од шампионскиот прстен


Секој навивач кој присуствуваше на воведниот натпревар од новата НБА сезона помеѓу Торонто и Њу Орлеанс, доби копија од  шампионскиот прстен.


 

Пред почетокот на овој натпревар се одржа церемонија за доделување на шампионските прстени на кошаркарите на Торонто за победата во сезоната 2018/19.

Домашните навивачи имаа причина да се радуваат и по натпреварот, бидејќи нивниот миленик забележа победа по продолжение со 130:122.