Родригез се враќа во Реал


Плејмејкерот Серхио Родригез ќе се врати во Реал Мадрид. Според „Еврохопс“, играчот ќе потпише едногодишен договор со клубот.

 

 

Родригез играше за Реал Мадрид од 2010 до 2016 година и со овој тим ја освои Евролигата во 2015 година.

Како дел од ЦСКА Москва Родригез во 2019 година освои уште една титула европски шампион.

Шпанецот последните три сезони ги помина во Армани Милано. Во последната сезона во Евролигата тој имаше просек од 7,8 поени, 4,6 асистенции и 2,3 скока.