Претстојниот викенд стартува летната „3×3“ баскет лига



– По едногодишна пауза поради рестриктивните протоколи поврзани со Ковид-19, претстојниот викенд почнува летното издание на македонската „3×3“ баскет лига.


 

Првиот турнир од летната лига „3×3 Summer Tour 2K21“ ќе се одржи в сабота, во салата „Ново Лисиче – Дупка“ во скопската општина Аеродром.

Пријавувањето на екипите за летната лига, која е во организација на Здружението „3×3 Macedonia“ и Македонската кошаркарска федерација е во тек на info@3×3macedonia.mk.