Порзингис сака да го напушти Далас поради Дончиќ


Порѕингис ќе го пропушти петтиот натпревар против Клиперс - МИА

Кошаркарот на Далас маверикс, Кристапс Порзингис, сака да го напушти тимот. Според новинарот на „ЕСПН“, Тим Мекмахон, Порзингис има намера да го смени клубот поради лошите односи со Лука Дончиќ.


 

– Порзингис не сака да игра за Далас. Кристапс го презира Дончиќ, изјави Мекмахон.

Претходно беше објавено дека неколку екипи од НБА-лигата се заинтересирани за играчот, а самиот тој е незадоволен од својот статус во Далас, со кого потпиша нов договор на пет години.