Победничка вечер за Куманово и ТФТ во БИБЛ лигата


Македонските претставници во БИБЛ лига забележаа победи вечерва во регионалното натпреварување, откако Куманово славеше на гостување кај Академик, а ТФТ триумфираше на домашен терен против Тиват.



Куманово забележа важна победа во Пловдив од 96:79 против лидерот во групата со што ги задржа шансите за пласман во следната фаза.

По шест одиграни натпревари, Куманово има половичен ефект, а следен противник на македонскиот тим утре е вториот бугарски претставник во БИБЛ лигата Берое.

ТФТ на домашен терен во Скопје стигна до вториот триумф во својот осми натпревар во БИБЛ лигата совладувајќи го убедливо црногорски Тиват со 104:86. ТФТ в сабота му гостува на Куманово.