НБА: Сакраменто славеше по три продолженија


– Во највозбудливиот натпревар во НБА лигата одигран ноќта меѓу петокот и сабота, кошаркарите на Сакраменто забележаа гостинска победа над Лос Анџелес лејкерс со 141-137 по дури три продолженија.


 

Гостите до победата ги предводеше Деарон Фокс со 34 поени, осум асистенции и шест скокови. На другата страна, Расел Весбрук имаше нов „трипл – дабл“ ефект од 29 поени, 11 асистенции и 10 скокови.

Резултати во НБА лигата:

Шарлот – Минесота 133-115

ЛА Клиперс – Детроит 107-96

Њујорк – Феникс 97-118

Орландо – Чикаго 88-123

Индијана – Торонто 114-97

Мемфис – Атланта 100-132

Оклахома – Вашингтон 99-101

Сан Антонио – Бостон 96-88

Денвер – Милвоки 109-120

Јута – Њу Орлеанс 97-98

Голден Стејт – Портланд 118-103

ЛА Лејкерс – Сакраменто 137-141 (по продолженија).