НБА: Ембид се врати на паркетот со „дабл – дабл“ ефект


Портланд ја победи Филаделфија, Ембид не го доигра мечот поради повреда - МИА

– По тринеделна пауза поради позитивен тест на коронавирус Џоел Ембид се врати на теренот со 42 поени и 14 скокови, но неговиот „дабл – дабл“ ефект не беше доволен Филаделфија да избегне пораз од Минесота од 121 – 120, по продолжение.

 

 

Победата на Минесота ја донесе Таурен Принс на 4. 8 секунди пред крајот, а за Ембид ова беше прв натпревар во дресот на Филаделфија од 6 ноември пропуштајќи ги последните осум натпревари поради коронавирус.

Драматичен натпревар со продолженија се одигра синоќа и во Хјустон, каде „Рокетс“ триумфираа над Шарлот со 146-143.

Резултати од натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу саботата и недела:

Филаделфија – Минесота 120-121 (по продолжение)

Атланта – Њујорк 90-99

Бруклин – Феникс 107-113

Чикаго – Мајами 104-107

Кливленд – Орландо 105-92

Хјустон – Шарлот 146-143

Далас – Вашингтон 113-120

Јута – Њу Орлеанс 127-105.