Ленард за повредата на Дурант: Ќе се врати посилен


Лидерот на Торонто, Каваи Ленард ја прокоментира повредата на Кевин Дурант.

Ѕвездата на Голден Стејт доби повреда на Ахиловата тетива на десната нога во петтиот финален натпревар меѓу „воините“ и „диносаурисите“, а неговиот колега од канадскиот тим изрази уверување дека Кеј Ди ќе се врати посилен од порано.

– Кога помислив на ситуацијата, тоа навистина е ужасно. Работиш толку напорно за да стигнеш до овој момент. Ова се последните натпревари сезонава. Сочувствувам со него. Сум бил во слична ситуација и му посакувам брзо закрепнување. Се надевам дека ќе биде силен психички во целиот процес на закрепнување. Сите ние работиме неверојатно напорно за да бидеме во НБА и да стигнеме до финалето. Убеден сум дека тој ќе се врати посилен, изјави Леонард, кој беше во слична ситуација во претпоследната сезона во Сан Антонио.

Тогаш 27-годишниот кошаркар одигра едвај 9 натпревари, бидејќи долго време се опоравуваше од повреда на мускулот на бутот.

Вести

Западна Австралија ја легализира еутаназијата

Парламентот на австралиската сојузна држава Западна Австралија денеска изгласа закон со кој се легализира еутаназијата, доброволно и потпомогнато завршување на животот. Со тоа таа е втора австралиска држава во која е легализирана еутаназијата. Австралиската сојузна […]

Балкан

Грција испрати дописи до ОН и Советот за безбедност за Меморандумот меѓу Турција и Либија

Министерството за надворешни работи на Грција синоќа испрати дописи до Генералниот сектретар на Обединетите нации и до Претседателот на Советот за безбедност во кои се објаснети грчките позиции и правните аргументи поврзани со морското право […]