Леброн е првиот играч во историјата на НБА кој постигнал 40 поени против сите тимови во лигата

lebron
Facebook
Twitter
LinkedIn

Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс постигна 46 поени рано утрово во градското дерби со Клиперс.




Така, 38-годишниот Џејмс стана првиот кошаркар кој постигнал 40 поени во натпреварите против сите 30 екипи од НБА-лигата.

Лејкерси и покрај ефикасната игра на Џејмс загубија од Лос Анџелес клиперс на домашен терен со 115:133.

На овој меч Леброн постави личен рекорд по број на тројки – уфрли вкупно девет.

Оваа сезона ветеранот има просек од 29,8 поени, 8,5 скока и 6,9 асистенции по натпревар.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Можеби ќе ве интересира: