Кметовска се врати во Бадел


Македонската кошаркарска репрезентативка, Ивана Кметовска, по едногодишно отсуство, а во пресрет на новата 2021/2022 сезона, се врати во тимот на Бадел 1862.

 

 

– Со својот квалитет и искуство, таа ќе биде големо засилување за нашиот сениорски тим во пресрет на настапите во Јадранската WABA лига, како и во домашното првенство.

Потписот  на Кметовска е прв во низата планирани засилувања, за што поконкурентен Бадел 1862 во настапите на меѓународната сцена, информираат од Бадел.

Минатата сезона Кметовска ја помина во Баскет Кам со кој ја освои двојната круна во домашната кошарка.