Плејмејкерот на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари, ја доби наградата „Карим Абдул-Џабар“, која им оддава почит на сегашните играчи за нивната посветеност на социјалната правда и залагање за долгогодишните вредности на лигата.
Кари беше избран од пет номинирани. Оваа година за наградата претендираа и: Крис Пол (Феникс), Џерен Џексон (Мемфис), Тре Џонс (Сан Антонио) и Грант Вилијамс (Бостон).
Претходни победници беа Кармело Ентони и Реџи Булок.