Кајл Лаури очекува да потпише 3-годишен договор вреден 90 милиони долари


 Кошаркарот на Торонто репторс, Кајл Лаури, сака да потпише голема зделка во сезоната во 2021 година. Според „ The Miami Herald“, Лаури, сака 3-годишен договор вреден 90 милиони долари.


 

Меѓу претендентите за играчот кој на пазарот ќе влезе како слободен агент, се НБА тимовите: Њу Орлеанс пеликанс, Њујорк никс и Далас маверикс.

Последната сезона Лаури потпиша едногодишен договор со Торонто репторс за 30,5 милиони долари.