Јованчев по турнирот во Скопје: Видовме како е да се игра со најдобрите, да се подготвиме најдобро што можеме за ЕП

jovanchev
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација до 16 години Александар Јованчев, по турнирот во Скопје има појасна слика за можностите на неговите избраници.

– Од трите одиграни натпревари бевме рамноправен противник само во натпреварот со Израел. Претрпевме високи порази од селекциите на Шпанија и Грција. Добро е што имавме можност да видиме како е да се игра со најдобрите и да научиме каков пристап треба да имаме на Европското првенство доколку сакаме да ја оствариме целта. Се надевам дека до првиот натпревар со Белгија ќе бидеме воиграни и комплетни, изјави Јованчев за сајтот на КФСМ.


Европското првенство од Дивизијата „А“ ќе почне на 5 август во Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK