Денвер нагетс ноќеска го совлада Мајами во четвртиот натпревар од големото финалето на НБА со 108:95. Резултатот во серијата сега е 3:1 во корист на Нагетс. За даго освои шампионскиот трофеј на тимот од Колорадо му е потребна само уште една победа.
Најзаслужни за победата на Нагетс беа Арон Гордон, кој постигна 27 поени и Никола Јокиќ со остварен дабл-дабл 23 поени и 12 скокови.
Кај домаќините најефикасен беше Џими Батлер со 25 поени.
Петтиот натпревар од серијата ќе се одигра на 13 јуни на теренот на Денвер.