Дебитантски триумф на Академија ФМП во БИБЛ лигата


– Кошаркарите на Академија ФМП вечерва испишаа клупска историја со првиот триумф на меѓународна сцена, откако славеа на гостувањето против Левски во Софија со 84:81 во претпоследното коло од групата А во БИБЛ лига.


 

Македонскиот прволигаш ја прекина серијата од шест порази во низа во регионалното натпреварување со одлична игра во вториот дел од дуелот во Софија во кое ја надомести негативата од 15 поени на полувремето (34:49).

Настапот во БИБЛ лигата составот од Скопје ќе го заокружи на 25. јануари на домашен терен против бугарски Балкан од Ботевград.