Чешка противник на македонските кошаркари во финалето на ЕП двизија-Б за играчи до 20 години

kosharkari makedonija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Македонската кошаркарска репрезентација вечер од 21 часот во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се соочи со Чешка во финалето на Европското првенство Б-дивизија за играчи до 20 години кое се одржува во Скопје.

Чесите синоќа во полуфиналето ја победија Шведска со убедливи 94:74.


Претходно, во првото полуфинале, македонската репрезентација ја совлада украинската селекција со 66:53.

Без оглед на исходот од финалето, и македонската и чешката репрезентација обезбедија пласман во А-дивизијата следната година.

Во групната фаза Чешка ја победи Македонија со 80:75, па вечерашното финале ќе биде шанса избраниците на селекторот Никола Василев да се реваншираат за поразот пред десет дена.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK