Букер го менува Лилард на „Ол стар“ натпреварот


– Лидерот на Феникс Санс, Девин Букер ќе го замени Демиан Лилард во претстојниот„Ол стар“ натпревар. Тој беше именуван од комесарот на лигата, Адам Силвер.

Бекот на Портланд испадна од судирот откако се здоби со повреда при поразот од Мемфис синоќа. После дуелот, плејмејкерот на Трејлблејзерс го препорача Букер како негов заменик.

Лилард, исто така, требаше да учествува на натпреварот за три поени, каде неговото место уште еднаш ќе го заземе Букер, кој триумфирашр во турнирот во 2018 година.

Дваесет и три-годишниот кошаркар е во својата 5-та сезона во Лигата, а оваа сезона има просек од 26,4 поени. Тој е првиот претставник на „сонцата“ во натпреварот по Стив Неш од 2011-2012 година.

Шеесет и деветото издание на Натправрот на ѕвездите на НБА ќе се одржи во понеделник од 2 часот по полноќ по наше време во Чикаго и повторно ќе ги спротивстави едни против други екипите на Леброн Џејмс и Јанис Антетокумпо.
Дуелот ќе биде во посебен формат во спомен на Коби Брајант, неговата ќерка Џана и останатите загинати во хеликоптерската несреќа кон крајот на јануари.


Вести

Незаборавни слики од ерупцијата на вулканот Питон де ла Фурнез (Видео)

Познатиот вулкан Питон де ла Фурнез, кој се наоѓа на францускиот остров во Индискиот океан Реунион, за прв пат оваа година на 10 февруари влезе во засилена еруптивна активност, јавува дописникот на МИА. Питон де […]

Вести

На шверцерски начин донесен Законот за јавно обвинителство

– Во тензична атмосфера, со 80 гласа „за“ и 6 гласа „против“, Собранието денеска го донесе Законот за јавно обвинителство. На почетокот на седницата кога законот првично беше ставен на гласање, 74 пратеници беа „за“, […]

Вести

Почна седницата на која треба да се гласа законот за ЈО

– Со задоцнување од час и половина, почна 135. собраниска седница што беше закажана за 11:00 часот и на која треба да се гласа за Предлог-законот за јавно обвинителство и за Предлог-законот за изменување и […]