Мајк Буденхолцер и Ник Нурс се меѓу кандидатите кои Феникс ги разгледуваат како опција за испразнетото тренерско место, објави инсајдерот на „Bleacher Report“, Крис Хејнс.
На списокот се наоѓа и Кевин Јанг, поранешен помошник на Монти Вилијамс, кој вчера беше отпуштен од функцијата главен тренер на Санс.
Буденхолцер и Нурс претходно беа отпуштени од Милвоки бакс, односно Торонто репторс.
Нурс ги предводеше Репторс до шампионскиот трофеј во 2019 година, додека Буденхолцер го освои тронот во НБА-лигата со Бакс во 2021 година.