Баскет КАМ и Бадел 1862 поразени на стартот во Јадранската лига


Македонските екипи со порази ја отворија новата сезона во женската Јадранска кошаркарска (WABA) лига, откако Баскет Кам загуби вечерва во Скопје од Војводина, додека Бадел 1862, исто така, претрпе домашен пораз од Монтана.

 

 

Македонскиот шампион и освојувач на националниот Куп, Баскет КАМ, во воведниот натпревар во групата А одигран во СРЦ „Кале“ загуби катастрофално од српскиот противник со 100-48 (52-32).

Најефикасна во редовите на екипата од Македонска Каменица беше Американката Адиџат Адамс со 21 поени.

Пораз на стартот во регионалното натпреварување во рамки на групата Б, претрпеа и кошаркарките на Бадел 1862, кои во салата „Независна Македонија“ во Кисела Вода загубија од бугарскиот претставник со 77-74 (35-38).

Најефикасна во редовите на Бадел и воедно на натпреварот беше Александра Стојановска со 22 поени.