,,Баскет Кам” го совлада ,,Патриот 2016″ во прволигашкото соседско дерби во женска кошарка



На заостанатиот натпревар од првата женска кошаркарска лига, екипата на Баскет Кам од М.Каменица со убедливи 101:41 успеа да триумфира над екипата на „Патриот 2016″ од Делчево и да ги задржи шансите за плеј-оф натпреварите во понатамошниот дел од првенството. Тренерот на делчевки Љупчо Петровски, денеска имаше проблеми со некомплетен состав, што според него е причина за убедливиот пораз.

-Баскет Кам е подобра екипа и затоа е во првите неколку екипи на табелата. Поразот беше неминовен, но имавме повредени кошаркарки, меѓу кои и репрезентативката Ана Ангеловска, која за жал, не можеше да настапи на денешниот заостанат натпревар. Им честитам на каменичанки за победата и им посакувам успех во евентуалните плеј-оф натпревари, рече Петровски.

Со оваа победа каменичанки нанижаа 13 бодови со два натпревари помалку во однос на Бадел кој е лидер на првенствената табела со 19 бодови.

Што се однесува до екипата од Делчево, в недела, 26 јануари 2020, со почеток во 13 часот, на паркетот во спортската сала ,,М.М.Брицо” ја пречекуваат екипата на Студент, додека Баскет Кам очекува нова победа на гости во дуелот против Пробаскет Академија од Пробиштип.


Бизнис и економија

Цената на горивата останува иста

  Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат на исто ниво како минатата […]

Вести

Четири лица починаа, потврдени се 48 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа, потврдени се 48 нови случаи на коронавирус од 387 тестови, а починаа четири лица,  соопшти Министерството за здравство. Во Скопје се потврдени 20 нови случаи, во Кочани – девет, во Струмица […]

Вести

Ѓоргиев: За нас останува неприфатливо барањето Гоце Делчев да биде запишан како Бугарин

– Барањето на Бугарија Гоце Делчев да биде запишан како Бугарин, за македонската страна останува неприфатливо, вели Драги Ѓоргиев копретседател на македонскиот тим во Мешовитата комисијата за историски прашања  со Бугарија. Тој во интервју за […]