Антиќ во работна посета на Кавадарци

antich janchev
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Раководството на Кошаркарската федерација на Северна Македонија денес беше во работна посета во Кавадарци

Претседателот на Федерацијата, Перо Антиќ, со своите соработници, одржаа работен состанок во Општина Кавадарци, заедно согГрадоначалникот Митко Јанчев и со генералниот менаџер на МКК Еуро Никел 2005, Ванчо Филковски.


Потреба за итен работен состанок се појави по известувањето на клубот од Кавадарци за повлекување од сите натпреварувања кои ги организира КФСМ.

– Веќе тече анализа на сите инволвирани страни за обезбедување на континутитет на клубот кој во своите клупски витрини има три шампионски трофеи од Македонија. Во деновите што претстојат се очекува позитивен исход од денешниот работен состанок. Федерацијата сака да изрази голема благодарност до градоначалникот на Општина Кавадарци, господинот Митко Јанчев, за ангажираноста и посветеноста да се задржи клубот со огромна традиција на кошаркарската мапа на Македонија, објави КФСМ.

По ваквиот развој на настаните, многу е веројатно дека Еуро Никел ќе биде спасен и ќе продолжи да се натпреварува во Првата лига.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK