Андре Игудала се сели во Лејкерс или Клиперс


Крилото Андре Игудала, својата кошаркарска кариера ќе ја продолжи во еден од двата НБА клуба од градот Лос Анџелес.

Интерес за 35-годишниот ветеран има и кај Лејкерс и кај Клиперс. Засега „езерџиите“ важат за фаворити, но и Клиперс се во игра за потписот за одличниот дефанзивец. На Лејкерс, одбраната му е послаба страна, и затоа нив им е попотребен, но Клиперс со Игудала би имал топ одбрана, која и сега е добра.

Игудала летоска си замина од Голден стејт вориорс, прејде во Мемфис гризлис, но таму само чека добра понуда, и да си оди. Без разлика дали ќе прејде во Лејкерс или Клиперс, Игудала повторно ќе игра за тим кој ќе се бори за шампионскиот прстен.

Вести

Апелација денеска не расправала за притворот на Боки 13

Апелацискиот суд денеска не ја разгледувал жалбата за притворот првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски. Од Апелацискиот суд за МИА, информираат дека денеска не е одлучувано по жалбата за притворот на Бојан Јовановски – Боки […]

Бизнис

Дизелот поскапува, бензините со иста цена

Цената на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ се зголемува за половина денар, а бензините остануваат со иста цена, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Според ова, дизелот ќе се продава по […]

Вести

Уставен суд: Обидите за наше омаловажување не се во интерес на владеењето на правото

Обидите за омаловажување на Уставниот суд, неговиот углед и угледот на судиите, со прејудицирања на судските одлуки, со политички, а не со правни аргументи, не е во интерес на напорите за изградба на владеење на […]