Коронавирусот влезе во Ливерпул


Коронавирусот влезе во Ливерпул - МИА

Ливерпул, 29 септември 2020 () – Едно од најголемите засилувања на Ливерпул ова лето, Тиаго Алкантара нема да ги игра следните натпревари за тимот од „Енфилд“, бидејќи имаше позитивен тест за коронавирусот.

Алкантара, кој неодамна дојде во Англија од Баерн и дебитираше во победата над Челси од 2:0, минатата недела го пропушти натпреварот од Лига купот против Линколн.

И тогаш навивачите се сомнитеваа, а потоа Ливерпул објави: „Тијаго имаше благи симптоми на вирусот, но тој се чувствува добро и сè подобрува. Клубот ги следи сите протоколи поврзани со коронавирусот, а на Тијаго ќе му биде одреден временски период во самоизолација“.

Премиер лигата објави дека во последната рунда на тестирање имало десет позитивни играчи, што е најголем број по еден пресек од почетокот на тестирањето.


Вести

Починаа 22 лица, регистрирани 561 новозаразени

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19. Оздравени се 197 пациенти, а починати се 22 лица. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1901 тестирања, а регистрирани се 561 […]

Вести

Договорот за добрососедство е основата за односите со Бугарија, порача власта, опозицијата бара од Заев став за Гоце Делчев и македонскиот јазик

– Историјата да им се остави на историчарите, а политиката на политичарите е повик, кој изминатите денови постојано се повторува од страна на државните функционери во земјава во однос на недоразбирањата кои настанаа на релација […]

Вести

Се пополнуваат болничките капацитети, Филипче најави зголемување на термините за тестирање

– Се пополнуваат болничките капацитетите за сместување на пациенти заболени од Ковид-19 во сите градови во земјава, а постепено се полни и модуларната болница во Скопје изминатите денови кога и кај нас и во Европа […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*