Кој ќе ја купи вилата на банкротираниот Бекер ќе мора да живее со неговата мајка!


Осумкратниот гренд слем шампион, Борис Бекер ја продава својата вила во Германија за само 2 милиони евра, со една мала забелешка – тој што ќе ја купи ќе мора да живее со неговата 85-годишна мајка.


 

Легендарниот германски тенисер е банкротиран од страна на британскиот суд, кој бара како да се наплатат неговите долгови, и вилата во Лејмен во близината на Хајделберг со поглед на долината на Рајна со седум спални соби е дел од неговите поседи кои мора да се продадат. Единствениот проблем е што во вилата право на „доживотен престој“ има неговата мајка, Елвира Бекер.

Бекер, кој заработи над 150 милиони долари во својата тениска кариера, должи на британски доверители 11 милиони фунти и неодамна стечајниот управник објави дека Бекер ги „криел“ своите тениски трофеи за да не бидат ставени на продажба. На продажба е и неговата хациенда во Мајорка „Сон Кол“, која не се наоѓа во најдобра состојба по години негрижа.

Бекер одбива да ги предаде трофеите од Вимблдон и Австралија