Коби на листа на „Славни покојници кои се уште заработуваат“, фановите бесни


Американскиот бизнис магазин „Форбс“ се најде на мета на критики на читателите поради листата на најплатени „Славни покојници кои се уште заработуваат“ за 2020 година, на која се најде и кошаркарот Коби Брајант.



Легендата на Лејкерси на оваа листа е заедно со Мајкл Џексон, Елвис Присли и Мерлин Монро.

Брајант на почетокот на годинава загина во сообраќајна несреќа откако се сруши хеликоптерот во кој тој патуваше со неговата ќерка Џиана и уште неколкумина. Коби го зазема шестото место на листата на „Форбс“.

Неговата заработувачка, по прераната смрт само годинава е проценета на 20 милиони долари, а магазинот наведува дека тоа е резултат на бродажбата на автобиографијата на кошаркарот, но и на дел од неговата спортска опрема.

Фановите на „мамбата“ на социјалните мрежи со жестоки напади за магазинот наведувајќи дека тоа што Коби е сместен во оваа листа е ужасно.