Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп uуште еднаш демантираше дека египетскиот напаѓач Мохамед Салах ќе го напушти клубот.
Дел од британските медиуми објавија дека Салах наводно им рекол на соиграчите во соблекувалната по мечот со Њукасл (2:1) дека е подготвен да го напушти Ливерпул.
Египетскиот напаѓач има добра понуда од Ал Итихад од Саудиска Арабија.
Раководството на Ливерпул во неколку наврати демантираше дека Салах ќе го напушти „Енфилд“.
„За мене секој разговор на оваа тема е завршен“, изјави Клоп.
Британските медиуми пренесуваат дека Салах испратил официјално барање за трансфер, бидејќи преодниот рок во Саудиска Арабија трае до 20. септември.
Египќанецот наводно добил понуда да потпише тригодишен договор со кој ќе заработува 80 милиони евра по сезона.