– Јирген Клоп смета дека никој не очекувал дека Ливерпул ќе биде вклучен во борбата за место во Лигата на шампионите.
Во моментов Манчестер јунајтед кој е последен во зоната на Лигата на шампионите има 63 бода од 33 натпревари, додека „Црвените“ имаат 62 бода по 35 одиграни натпревари.
-Пред шест натпревари никој не мислеше дека ќе бидеме на оваа позиција. Победувањето на натпреварите е најголемата работа што можеме да ја направиме во моментов. Ако Манчестер јунајтед ги одигра своите натпревари како што сака, ќе има седум бода предност и ќе биде навистина тешко да се стигне со него. Мораме да го направиме крајот најдобро што може. Замислете Манчестер јунајтед да „киксне“. Не верувам, но само замислете дека Манчестер јунајтед греши, а ние не го користиме тоа, изјави главниот тренер на Ливерпул.
Манчестер јунајтед вечер од 20 часот му гостува на Вест Хем во дуел од 35.коло на Премиер лигата.