Клоп: Ќе го чекаме Ван Дајк како добра сопруга кога мажот е во затвор!



Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп вети дека „црвените“ ќе го поддржуваат својот дефанзивец Вирџил ван Дајк како „добра сопруга кога мажот е во затвор“, откако еден од највлијателните фудбалери во неговиот состав доби сериозна повреда на коленото на дербито со Евертон и најверојатно ќе го пропушти остатокот од сезоната.


 

29-годишниот Ван Дајк беше во игра во сите 38 меча на Ливерпул во Премиер лигата во 2019/20 за освојување на првата титула по 30 години, но сега Клоп се соочува со можноста да не може да смета на него до крајот на сезоната.

„Секогаш е истото, фудбалерите сакаат да бидат сами во такви моменти, а јас сум доволно долго тренер да го знам тоа. И јас сум бил фудбалер и ја имав истата повреда и тогаш не сакав многу да зборувам. Постојано сме во контакт, тука сме за него и тој го знае тоа – ќе го чекаме како добра сопруга кога мажот е во затвор, и во меѓувреме ќе се обидеме да бидеме тука за него“, изјави Клоп на прес-конференцијата пред првиот меч од новата сезона во ЛШ против Ајакс.