КК Партизан му нуди милиони на Џанан Муса

КК-Партизан-му-нуди-милиони-на-Џанан-Муса.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Џанан Муса, кошаракар на Реал Мадрид и репрезентативец на Босна и Херцеговина, добил понуда од Партизан од следната сезона да го носи црно-белиот дрес.


„Дефенса централ“, портал близок до Реал, тврди дека белградскиот тим на Муса, кој има договор со Реал Мадрид до крајот на оваа сезона, му нуди тригодишен договор вреден два милиони евра по сезона.

Според актуелниот договор, Муса во Реал игра за годишна плата од еден милион евра, а според пишувањето на овој портал, челниците на кралскиот клуб се подготвени да му понудат договоор на три или четири сезони, со плата од 1,5 милиони евра.

„Муса се уште не одлучил. Понудата на Партизан е огромна и го изненади, но од негови блиски луѓе дознавме дека приоритет му е да остане во Реал“, пишуваат Шпанците.

Еден важен детал што Шпанците го заборавија е дека Муса е играч на агенцијата „Беобаскет“ која е во сопственост на Мишко Ражнатовиќ и со која Партизан ја прекина соработката, па шансите за ваков трансфер се многу мали.

Џејлин Смит, најновото засилување на Партизан, мораше да го раскине договорот со таа агенција за да премине во редовите на црно-белите.

Муса сезонава во Евролигата има просек од 13,6 поени со 2,6 скока и 2,5 асистенции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK