КК „Баскет Кам“ со шест играчи влегува во младинските репрезентации


КК „Баскет Кам“ со шест играчи влегува во младинските репрезентации - МИА

Македонска Каменица, 1 август 2020 () – Дури шест кошаркари на КК Баскет Кам влегоа во поширокиот состав на младинските кошаркарски репрезентации на Македонија. Како што информираа од тимот четири играчи родени од 2007 генерација од 4 август 2020 година во СРЦ Кале-Скопје ќе ги започнат селективните тренинзи од втората фаза.

-Се работи за кошаркарите Матеј Митревски, Мартин Атанасов, Виктор Попов и Андеј Јованов кои ја продолжуваат традицијата на КК Баскет Кам за учество во националните бои на кошаркарската репрезентација, информираа од КК ,,Баскет Кам”.

Во женска конкуренција Баскет Кам на поширокиот репрезентативен список во втората фаза влегува со две претставнички.

-Матеа Владимирова и Милена Зафировска заедно со врсничките од 2008 генерација ќе ги продолжат селективните тренинзи во СРЦ ,,Кале” во Скопје. Како и во машка конкуренција селективните тренинзи и тука започнуваат од 4 август 2020 година, додадоа од екипата.

Ова за стручниот штаб на тимот е уште еден голем успех на Баскет Кам кога станува збор за учество на поединци во младинските кошаркарски репрезентации на Македонија.

Баскет Кам покрај овие успеси и настапите на голем број младински турнири во и надвор од државата, бележи и одлични настапи во Првата женска и во Втората машка кошаркарска репрезентација на Македонија. Екипата во женска конкуренција до прекинувањето на натпреварите поради Ковид-19 беше во активна борба за влез во Плеј Офф разигрувањата, а машката екипа беше со обезбедено 5-то место на табелата.


Вести

Земјава подготвена за полошо сценарио со Ковид-19 наесен, граѓаните мора да ги почитуваат мерките

Скопје, 7 август 2020 () – Евентуалното полошо сценарио со вирусот Ковид-19 наесен би значело поголема концентрација на луѓе во затворени простории, дополнителен број на заболени од сезонски грип што може да доведе до пренатрупување […]

Влада: Трошоците за СЈО се за стручните служби и за комуналии до престанокот на постоење на ова обвинителство - МИА
Вести

Партиите преговараат, роковите течат за создавање на новата влада

Скопје, 7 август 2020 () – Рокот за доделување на мандатот за состав на новата влада тече веќе трети ден. Политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во изминатите денови потврдија дека работат на создавање мнозинство од […]

Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Нови 113 случаи со Ковид-19, шест починати, 259 оздравени пациенти

Скопје, 6 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-35, Куманово-12, Штип-23, Прилеп-1, Тетово-5, Струга-1, Битола-7, Охрид-6, Гостивар-15, Кочани-2, Пробиштип-1, Демир […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*