Кими Раиконен влезе во историјата – стартуваше рекордна 323. трка!



 

Поранешниот светски шампион и возач на Алфа Ромео, Кими Раиконен го сруши рекордот на уште еден поранешен возач на Ферари, Рубенс Баричело со својот 323. старт на Формула 1 трка.

Популарниот „Ајсмен“ останува миленик на Формула 1 фановите и покрај тоа што со Алфа Ромео нема некои големи шанси да стигне ниту во пласман на поени, а шпекулациите велат дека размислува да ја продолжи кариерата и во 2021 година. Запрашан дали ќе остане за да го спречи Фернандо Алонсо да го сруши рекордот (тој има 311 старт), Раиконен беше јасен.

„Секога е така – рекордите се тука за да се рушат. Дали ќе останам следната година сигурно не влијае овој рекорд“, изјави Финецот.

40-годишниот Раиконен дебитираше со малиот швајцарски тим Заубер (тим кој сега го носи името Алфа Ромео) во 2001 година, по што од 2002 до 2006 година имаше четири успешни сезони со Мекларен, каде што двапати му „избега“ титулата. Ферари го донесоа Раиконен на тригодишен договор во 2007 година, освојувајќи ја титулата во првата сезона, трофеј кој останува последен за Скудерија.

Во 2010, Ферари му ја платија последната сезона од договорот и тој замина во Рели ВРЦ шампионатот, пред во 2012 да се врати во Ф1 со тимот на Лотус, за во 2014 Ферари да се предомислат и да му дадат нов договор. Од минатата сезона тој вози за Алфа Ромео.

In the year that Kimi made his F1 debut…

🍿 The first Harry Potter, Lord of the Rings and Shrek films released🎧 The iPod made its debut🤓 Wikipedia launched👶 Lando Norris was one year old🎥 YouTube was 4 years away from launching#EifelGP 🇩🇪 #F1 pic.twitter.com/0Q1foy6Ehi

— Formula 1 (@F1) October 11, 2020