Кавани скапо плати за „брзиот јазик“



ript>


 

Фудбалската асоцијација на Англија го казни фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Уругваецот Единсон Кавани со 3 меча суспензија и со парична казна поради однесување кое е протолкувано како расизам.

Кавани во ноември беше стрелец на победничкиот гол за Јунајтед против Саутемптон и по мечот на својот Инстаграм профил му се заблагодари на свој пријател за убавите зборови пишувајќи „Gracias negrito“.

Овој коментар од Фудбалската асоцијација на Англија го протолкуваа како неприфатлив, посебно во ситуација кога е во ек борба против расизмот, па затоа Уругваецот е казнет.

Тој нема да биде во составот на Оле Гунар Солскјер на мечевите против Астон Вила, Манчестер Сити и Вотфорд, а ќе биде „полесен“ и за 100.000 фунти.