Кавани го помина медицинскиот преглед во Манчестер јунајтед, потписот е скоро договорен


Многу клубови го сакаат Кавани, потврди неговата мајка - МИА

Манчестер, 5 октомври 2020 () – Напаѓачот Единсон Кавани е близу до премин во Манчестер јунајтед.


 

Уругвајскиот напаѓач, кој е слободен агент, успешно го заврши медицинскиот преглед. Тој е близу до потпишување договор 1 + 1.

Според новинарот Фабрицио Романо, скоро сите услови на зделката се договорени. Преминувањето на Кавани се очекува да биде објавено во попладневните часови.